Научници во Германија организираа три поп-концерти во источниот град Лајпциг за да го испитаат ризикот од инфекција со коронавирус на големи настани во затворен простор. Сите присутни на трите посебни концерти изведени од германскиот пејач Тим Бенџко претходно морале да приложат негативен резултат на тест за ковид-19 за да учествуваат во студијата.
При пристигнувањето во концертната сала во Лајпциг Арена на публиката и се вршела проверка на температурата. Сите учесници носеале маски за лице со висока заштита, како и електронски уред кој ги следел нивните движења во рамките на арената.
„Ние сакаме да проучиме колку контакти имаат учесниците едни со други за време на концерт- што, всушност, сè уште не е јасно“, рече Стефан Мориц, кој ја води истрагата од Универзитетската болница во Хале.
Дистрибуирајќи флуоресцентни средства за дезинфекција, истражувачите исто така можат да користат ултравиолетови ламби за да забележат кои површини најмногу ги допирале со рацете посетителите на концертите. Истражувачите исто така го проследиле движењето на аеросолите кои се ситни воздушни честички што можат да го носат вирусот.
Тие воедно спровеле три сценарија на концертите за да ги споредат начините за намалување на ризикот. Првото сценарио наликувало на концертите пред пандемијата, додека второто ги вклучуваше гледачите кои ги следат упатствата за здравје и безбедност. Третиот концерт имал ограничен број на присутни кои биле оддалечени 1,5 метри едни од други.
Целта на студијата е да се испита дали концертите и другите големи настани може да продолжат да се одржуваат, додека се избегнуваат ризиците од загадување. Повеќето земји, вклучително и Германија, забранија големи настани за да избегнат ширење на вирусот.
„Се е во врска со пристапот заснован на докази“, рече Мајкл Гекле, декан на медицинскиот факултет на универзитетот Хале.