Лукашенко ќе ја зајакнува одбраната на границите

Белорускиот претседател Александар Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко му нареди на министерот за обрана и на војската да усвојат најстроги мерки за заштита на границите на земјата во услови на, како што сугерираше, планот поддржан од странство за „обоена револуција“. Тој ја даде изјавата за време на посетата на тренинг на војската во близина на Хродно и во услови на продолжување на протестите против неговата победа на изборите.

„Се е јасно. Како што очекувавме, се оди според планот за обоена револуција со агитирање на внатрешно-политичката состојба во земјата“, изјави Лукашенко.

Лукашенко се закани со кривични пријави против лидерите на опозицијата

Демонстрациите и штрајковите избувнаа низ Белорусија во знак на протест против, според критичарите, лажните избори на кои Лукашенко оствари убедлива победа која му го донсе шестиот мандат на функцијата.

Ноќе почнуваа мачењата: Од прва рака за тортурата на притворените во Минск