Рускиот опозициски лидер Алексеј Авални пристигна во Берлин откако беше евакуиран од сибирскиот град Омск по сомнително турење. Шефот на германската невладина организација „Кино за мир“, Џака Бизил која испрати приватен авион за Навални изјави дека неговата состојба е стабилна. Портпаролката на Навални, Кира Јармиш претходно на Твитер напиша дека авионот со Навални слетал во Берлин.
Руските лекари одобрија Навални да биде пренесен во Германија
Летот се реализираше по еднодневната битка на семејството на Навални и неговите поддржувачи кои бараа тој да биде префрлен во некоја од западните земји за да добие посигурен, поефикасен и транспарентен третман.
„Борбата за животот и здравјето на Алексеј е само почеток и останува уште многу да се помине, но сега барем е направен првиот чекор“, порача Јармиш на Твитер.
Непријателите на Кремљ со мистериозна судбина
Навални кој е остар критичар на рускиот претседател Владимир Путин, е во кома откако се разболе на 20 август за време на летот од Томск кон Москва. Авионот итно слета во Омск.