Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Габрејесус изјави дека за две години ќе може да се воспостави контрола врз пандемијата со коронавирусот во услови кога Европа регистрира зголемена бројка на заболени за разлика од Америка каде има намалување. Според него, глобализацијата помогнала во ширењето на болеста, но модерната технологија му дала на човештвото алатки во борбата со ковид-19 кои се поефективни од оние во 1918 кога се појавил шпанскиот грип.
„Се надеваме дека пандемијата ќе заврши за помалку од две години“, рече Тој.
За справување со пандемијата ќе требаат 100 милијарди долари
Но, ОН предупредија дека и доколку се пронајде вакцина, не самостојно да се стави крај на пандемијата. Земјите, според организацијата, не треба да полагаат надежи само во вакцините, туку мора да спроведат ефективни здравствени мерки, а лужето мора да ги прилагодат нивните животи за спречување на ширењето на болеста.
Околу 23 милиони луѓе досега се заразиле со коронавирус, а починале речиси 800 илјади.