Руските здравствени власти конечно одобрија дозвола рускиот опозициски активист Алексеј Навални да биде пренесен во Германија на лекување. Тој е во кома во болница во Сибир, под сомнение дека е отруен.
Семејството и поддржувачите на Навални се бореа тој да биде пренесен во Германија на итно лекување, но руските лекари со часови одбиваа да му дадат дозвола тој да ја напушти болницата во сибирскиот град Омск, тврдејќи дека не му одговара да патува. Но потоа функционерот во болницата во Омск, Анатолиј Калиниченко, изјави за медиумите дека Навални сега може да се транспортира, бидејќи неговата состојба се стабилизира. Тој рече дека Навални ќе биде транспортиран во текот на денот.
Во Сибир пристигнаа германски лекари со авион на брза помош, кои треба да го пренесат Навални во берлинска болница.
Навални не може да биде пренесен од болницата
Навални кој има 44 години, и кој се смената за главен критичар на рускиот претседател Владимир Путин вчера беше пренесен во болница откако не се чувствувал добро за време на летот Томск – Москва. Се верува дека бил отруен поради неговите активности.