Поранешниот потпретседател Џо Бајден и официјално ја прифати претседателската номинација на Демократската партија за изборите на 3 ноември на кои ќе го предизвика актуелниот претседател на САД Доналд Трамп. Во својот, Бајден вети дека ќе ги прекине американските „денови на одушевување со диктаторите“ и рече дека ќе спроведе национална стратегија за борба против пандемијата на коронавирусот на неговиот прв мандат, доколку биде избран.
Виртуелна политика: Бајден, Харис и демократите на онлајн конвенција
„Ќе бидам претседател кој ќе застане со наши сојузници и пријатели. Деновите на здружување со диктаторите завршија“, рече Бајден во говорот во живо одржан во празната арена во неговиот роден град Вилмингтон, Делавер, на последниот ден од интернет-конвенцијата на партијата. Изјавата беше насочена кон перцепцијата дека Трамп е премногу пријателски расположен со рускиот претседател Владимир Путин и со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун. Бајден рече дека работи од национална стратегија за борба против коронавирусот уште од март и ќе ја спроведе на „првиот ден“ од неговото претседателство. Тој рече дека е „непростливо“ што политиката на Трамп не успеа да ги заштити Американците од смртоносниот вирус. Бајден, исто така, вети дека ќе ја обедини земјата, која е зафатена со протести за расна правда предизвикани од убиствата на невооружени Афроамериканци од полицајци.