Макрон предлага посредување на ЕУ во Белорусија, со вклучување на Русија

Францускиот претседател Емануел Макрон со германската канцеларка Ангела Меркел, Брисел

Францускиот претседател Емануел Макрон предложи европско посредување меѓу различните актери во кризата во Белорусија, со вклучување на Русија. „Дијалогот меѓу владата, опозицијата и граѓанското општество е неопходен. Се надеваме дека овој дијалог може да го воспостават самите Белоруси. Но, Европската унија е сè уште подготвена да се придружи ако нашата улога како посредник може да биде корисна и ако го сакаат тоа во Белорусија, заедно со другите институци, конкретно ОБСЕ, вклучително и Русија“, рече францускиот претседател на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во југоисточна Франција.

ЕУ најави дополнителни 53 милиони евра за Белорусија

Меркел рече дека претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, чиј реизбор го предизвика народот на улица во неговата земја, не се обидел да разговара со ниту еден европски лидер за политичката криза, но дека европските лидери разговарале со неговиот моќен руски сосед. „Да му кажеме јасно на (Владимир) Путин да побара дијалог“ со белорускиот претседател, додаде Меркел.

Лукашенко се закани со кривични пријави против лидерите на опозицијата

Демонстрантите излегоа на улиците на Минск и другите градови во Белорусија и вчера, барајќи заминување на претседателот Александар Лукашенко по претседателските избори, за кои сметаат дека се лажирани. Лукашенко се закани со кривични пријави против лидерите на опозицијата во земјата и ги повика безбедносните служби да го засилат притисокот врз демонстрантите. Тој исто така го обвини Западот за поттикнување и финансирање на немирите.