Шилегов: Чаир да најде начин да се урне дивоградбата кај Мавровка

Петре Шилегов

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, вели дека општина Чаир треба да најде начин и модалитет за рушење на дивоградбата кај Мавровка, со оглед на тоа што, како што вели, Градот веќе го обелоденил проблемот. Според скопскиот градоначалник, постои и опција Државниот градежен инспекторат да преземе активности и ингеренции за отстранување овој објект.

„Јас на неколку наврати кажав дека Градот го обелодени и го институционализираше проблемот со дивоградбата на Мавровка, односно ние како институција го повлековме институционалниот потег и во рамки на одговорнистите кои ги има Град Скопје како институција, онака како што се законите поделени ние ги преземавме сите можни дејствија. Останува на Општина Чаир да изнајде начин и модалитет за рушење на дивоградбата а зошто да не на крајот на денот и Државниот градежен инспекторат да преземе определени активности и ингеренции со кои би дошло до отстранување на тој објект“, изјави денеска Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.

Според градоначалникот, единственото добро решение би било градежните инспекторати од општините да се префрлат на Градот, со што Градот Скопје би ги инспекторирал евентуално недозволените градби.