Вечерта на 16 август, додека стотици илјади луѓе се собраа низ Белорусија, барајќи соборување на нејзиниот авторитарен лидер Александар Лукашенко, Тимот за конфликтно разузнавање, руска истражна мрежа, објави алармантен извештај. „Не се премногу (засега)“, напиша групата на Твитер, наведувајќи:
„Но, два конвоја со необележани камиони, идентични на руските полициски вооружени сили и возилата на Националната гарда, беа забележани на 400 километри од белоруската граница, возејќи јужно од Санкт Петербург“.
На Лукашенко не му остануваат многу опции
Истражната група цитираше очевидци, но не даде докази за движења на војската или појаснувања дали некој конвој ја преминал границата.
Како и да е, реакциите на интернет на тврдењата за можна руска воена интервенција кај западниот сосед се чини дека го зајакна широко распространетиот страв поттикнат од сеќавањата на претходните регионални кризи: дека Москва е подготвена да употреби сила за да му даде поддршка на прорускиот лидер.
И покрај шпекулациите, многумина повлекоа паралела со интервенцијата на Русија во Украина во 2014 година, каде што спорниот референдум поддржан од Москва го отвори патот за анектирање на полуостровот Крим и за воена поддршка за тековниот проруски бунт во делови од источниот дел на Украина.
Сега, сликите на наводните конвои на руската армија низ источната граница на Белорусија предизвикаа сеќавања на слични сцени во Украина.
Русија подготвена да му помогне на Лукашенко
Но, и покрај важноста на Русија како традиционален сојузник на Белорусија малку аналитичари очекуваат Кремљ да го повтори сценариото како во Украина.
Со десетици илјадници на мирните протести низ Белорусија и со опадната поддршка на Лукашенко, Русија нема многу да добие со помагање во задушувањето на протестите.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„Да се употреби сила против пријателско население што не го сака лидерот, може да биде премногу ризично дури и за Путин“, вели Александар Баунов, постар колега во Московскиот центар Карнеги.
Протестите во Белорусија, за разлика од оние во Украина, не се поттикнати од антируско чувство. Русија ризикува да го промени тоа ако се обиде насилно да ги задуши.
„Тоа ќе го промени мислењето на населението“, вели Баунов додавајќи: „Тоа би било полошо од Лукашенко - затоа што барем Лукашенко е локален“.
Но, ниту Москва не може да седи и да гледа од маргините.
Москва претпазливо ги следи настаните во Белорусија и чека
На 15 август Лукашенко соопшти дека ќе го повика Путин, велејќи дека протестите - за кои тврди дека се оркестрирани од странски влади - претставувало „закана не само за Белорусија“, туку и за Русија.
Лукашенко и Путин одржаа два телефонски разговора во текот на викендот.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Но, вториот разговор на 16 август очигледно ја натера Москва да ја повика Организацијата за колективна безбедност (ЦСТО), одбранбен блок составен од шест поранешни советски држави кои ветија дека ќе се бранат едни со други во случај на напад од надвор.
На дипломатски јазик, изјавата издадена од Кремљ на 16 август вети само „подготвеност за помош за решавање на предизвиците со кои се соочува Белорусија“ и не го спомнува белорускиот претседател по име.
Артсиом Шрејбман, политички аналитичар од Минск, вели дека Русија во сите свои изјави јасно ставила до знаење дека ќе интервенира само во рамките на ЦСТО во случај на „странска агресија“ - и покрај тврдењето на Лукашенко дека Москва ќе испрати помош на првиот белоруски повик”.
Лукашенко – Русија го прикрива обидот за дестабилизација на Белорусија
А недостатокот на повици на Москва до Лукашенко конкретно укажува дека тој е свесен за тоа колкава е неговата популарност.
„За Москва да ја поддржи страната која губи, ќе треба премногу сили“, вели Шрејбман, додавајќи: „Тоа би вклучувало огромна окупаторска армија која би можела да се соочи со партизанско војување. Не мислам дека за тоа е подготвен Кремљ“.
Повеќето аналитичари се согласуваат дека официјалните изјави на Кремљ не најавија какви било конкретни заложби за воена помош за поддршка на владата на Лукашенко.
„Тие само признаа дека има некои проблеми и оти Русија е свесна за тоа што се случува и дека е посветена на дијалогот“, вели Екатерина Шулман, политички научник од Москва.
Соочена со воена интервенција како единствен начин за обезбедување на Лукашенко да остане претседател - среде континуираните протести - се чини дека Москва остава простор за разни исходи, вклучително и негова смена од кандидат поддржан од опозицијата.
ОБСЕ нуди посредување за дијалог во Белорусија
Со веројатноста за транзиција во Белорусија, Москва најверојатно ќе се вклучи зад сцената во дијалог со Западот за иднината на земјата.
„Мислам дека Русија ќе се чувствува дека има право да биде еден од медијаторите, ако не и главниот“, вели Шулман за можните меѓународни разговори.
На крајот, веројатно ќе победи прагматизмот - во ходниците на Кремљ и оние на меѓународните тела.
Но, за Путин, кој искористи многу протестни движења во текот на своите 20 години на власт и постојано беше против револуциите поддржани од Запад, снимките од Белорусија се камен на сопнување.
Лукашенко се одржува засега - и Москва внимателно следи да види како ќе се справува со клучните денови што доаѓаат.
„Не е точно дека Русија го поддржува секој автократ што бара помош“, вели Шулман, заклучувајќи: „Но, она што Русија не би сакала да го види е директното соборување на власт од страна на народните маси. Тоа ќе даде лош пример“.