Колективниот имунитет ќе се постигне само со вакцина, соопшти денеска Светската здравствена организација. Од СЗО велат дека човештвото не е ни приближно да постигне ниво на имунитет на коронавирусот што би било потребно за стекнување на колективен имунитет.
Имунитетот на стадо обично се постигнува преку вакцинација, а повеќето научници проценуваат дека најмалку 70 проценти од населението мора да има антитела за да се спречи епидемија. Некои експерти,сепак, сугерираат дека ќе се даде заштитен ефект дури и ако барем половина од населението има имунитет. Таквата теорија вчера ја отфрли официјалниот претставник на СЗО, Мајкл Рајан, кој кажа дека не треба да живееме со надеж дека ќе добиеме имунитет на стадо, пренесоа американските медиуми.
-Како глобално население ние не сме ни блиску до нивото на имунитет, неопходно да се запре пренесувањето на оваа болест.