Последен извештај за руското мешање во изборите во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп

Конечниот извештај на Комитетот за разузнавање на американскиот Сенат за руско мешање во претседателските избори во 2016 година, заклучи дека контактите на шефот на кампањата на Доналд Трамп со лица поврзани со Кремљ претставува „голема закана за разузнавањето“.

Во извештајот објавен денеска, кој е петти и последен од комитетот предводен од републиканците, исто така се открива дека рускиот претседател Владимир Путин го наредил хакерскиот напад на Демократската партија и протекувањето на информации со цел да и се наштети на Хилари Клинтон и нејзината претседателска кампања против тогашниот републикански кандидат Трамп.

Комитетот го нарече извештајот од 1.300 страници „најсеопфатен опис до денес на активностите на Русија и заканата што тие ја претставуваат“, опишувајќи ја Русија како вмешана во „агресивен, повеќестран обид за влијание или обид за влијание врз исходот од претседателски избори во 2016 година “.

Истрагата траеше скоро три и пол години.

„Намерата на Москва беше да и наштети на кампањата на Клинтон, да ја оцрни очекуваната претседателска администрација на Клинтон, да и помогне на кампањата на Трамп откако Трамп стана претпоставениот републикански кандидат и да го поткопа демократскиот процес на САД“, се наведува во извештајот.

Исто така, во извештајот се открива дека Викиликс игра клучна улога во напорите на Русија да влијае на изборите за да му помогне на Трамп и дека веб-страницата „многу веројатно знаела“ дека помага во обид за руско влијание, се наведува во извештајот на комитетот.

Комитетот утврдува блиски контакти меѓу соработниците на Трамп и Русите, опишувајќи особено како претседателот на кампањата на Трамп, Пол Манафорт, имал длабоки врски со Русија и руските олигарси во Украина. Во извештајот се споменува како со години Манафорт тесно соработувал со рускиот олигарх Олег Дерипаска и Константин Килимник, руски државјанин за кого ФБИ се сомнева дека има врски со руското разузнавање. Извештајот недвосмислено наведува дека Килимник бил руски разузнавач и дека Дерипаска координираа со руската влада за спроведување на операции со влијание во странство.

Предлог за санкции против Русија за мешање во претстојните избори во САД

Комитетот за разузнавање на Сенатот не донесува конечен заклучок за тоа дали има доволно докази дека кампањата на Трамп ја координирала со Русија, оставајќи го тоа отворено за толкување од страна на републиканците и демократите.