СЗО: Да запре вакциналниот национализам

Тедрос Аданом Гебрејсус

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејсус, предупреди дека земјите кои ги ставаат своите сопствени интереси пред другите во обидите да изградат залихи на можна вакцина против коронавирус, само ја прават пандемијата посилна и побара да се запре, како што рече, „вакциналниот национализам“.

„Да се дејствува стратешки и глобално, всушност е национален интерес на секоја земја – никој не е безбеден додека сите не се безбедни“, изјави Гебрејсус на виртуелен брифинг и додаде дека испратил писмо до сите земји членки на СЗО, барајќи од нив да се приклучат на заедничкиот мултилатерален напор на „Ковакс“ за производство на вакцини.

Повеќе од 21,9 милиони луѓе ширум светот се пријавиле дека се заразени со коронавирус, а 772.647 починале.