На денешната владина седница точка на дневен ред се предложените протоколи за реализација на наставата според конечниот предлог на Комисијата за заразни болести таа да се одвива онлајн, а следење со физичко присуство да важи само за учениците од прво до трето одделение и за училишатата со помал број ученици согласно со епидемилошката состојба во одредена средина.
Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска за МИА изјави дека предлог-протоколите вчера биле разгледувани и со претставници од Држаавниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) кој заедно со Просветниот инспекторат ќе биде задолжен за контрола на реализирањето на наставата од аспект на хигиенските услови и почитување на здравствените протоколи. Според ДСЗИ, прифво е во училишните објекти да бидат присутни истовремено односно во една смена околу 50 ученици за време на наставата.
МОН до Координативниот кризен штаб минатата недела ги прати побараните податоци за секое училиште, особено за бројот на подрачните кои се наоѓаат во помали населени места или во рурални средини и за кои, главно, се однесува предлогот да може да организираат настава со физичко присуство зашто имаат помалку ученици и паралелки.