Германската влада негираше дека имало некаков телефонски разговор помеѓу канцеларката Ангела Меркел и белорускиот претседател Александар Лукашенко по изборите на 9 август. Претходно Лукашенко изјави дека разговарал со Меркел. „Меркел ми се јави. „Сакам да зборувам“. Овие, луѓе како литванскиот претседател и други велат „Ние сакаме да разговараме“. Не обидувајте се да се потпирате врз мене, без оглед дали сте од Западот или од Истокот“, им рече Лукашенка на работниците во фабриката за трактори во Минск.
Русија подготвена да му помогне на Лукашенко
„Ваквов разговор меѓу Меркел и Лукашенко не се случи од изборите“, рече портпаролот на германската влада. Лукашенко се соочува со закана од санкции на Европската унија за справувањето со протестите по, како што велат демонстрантите, неговата лажирана реизборна победа.