Трамп: САД внимателно ја следат ситуацијата во Белорусија

Претседателот на САД Доналд Трамп

Претседателот на САД Доналд Трамп, рече дека Вашингтон внимателно ја следи „страшната“ ситуација во Белорусија, каде што продолжуваат масовните демонстрации и бруталните акции на безбедносните сили по спорните избори. „Страшно е. Тоа е ужасна ситуација. Ние ја следиме многу внимателно“, рече Трамп на 17 август. Протестите се одржуваат секој ден во Белорусија од изборите на 9 август, на кои според изборната комисија, победил авторитарниот претседател Александар Лукашенко.

Лукашенко: нови избори само ако се усвои нов устав

На 16 август, десетици илјади демонстранти се собраа во Минск во, како што беше оценето, најголемиот митинг во историјата на земјата. Демонстрацијата, која беше придружена со помали протести, го засенија про-претседателскиот митинг што се одржа во Минск. На 17 август, претседателот Лукашенко рече дека нема да има нови избори додека е жив. Но, подоцна тој изјави дека е можно да има избори доколку биде одобрен нов устав.