Циханускаја: подготвена сум да ја водам Белорусија

Свјатлана Циханускаја

Белоруската опозициска политичарка Свјатлана Циханускаја изјави дека е подготвена да ја води земјата и повика на создавање правна рамка за да се обезбедат нови фер избори. „Подготвена сум да ја преземам одговорноста и да дејствувам како национален лидер со цел земјата да се смири и да влезе во нормален ритам“, рече Циханускаја во видео обраќањето објавено на Јутјуб на 16 август.

Марш за слобода во Белорусија

Таа исто така рече дека досегашното однесување на припадниците на спроведувањето на законот ќе биде простено доколку му откажат послушност на претседателот Александар Лукашенко. Циханускаја побегна во Литванија по изборите на 9 август, на кои, според официјалниот извештај, победил Лукашенко. Циханускаја ги оспори резултатите.