Поштата и нејзината улога во изборите во САД

Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси

Претставничкиот дом на Конгресот на Соединетите држави ќе заседава околу финансирањето на американската поштенска служба и загриженоста за нејзината улога на претседателските избори на 3 ноември. Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси (Демократ-Калифорнија) изјави дека свикува седница повторно на седница за гласање на закон со кој би се забранувале измени во Поштенската служба во услови на негодувања за реформите воведени од новиот генерален директор, сојузник на Претседателот Доналд Трамп.

Бајден ја избра сенаторката Камала Харис за кандидат за потпретседател на САД

Демократите, кои имаат мнозинство во Претставничкиот дом, изразија загриженост дека реформите се дел од напорите да се поткопа Поштенската служба во време кога опцијата за гласачки ливчиња преку пошта во време на коронавирус станува реалност. „Во време на пандемија, Поштенската служба е изборен центар“, напиша Пелоси во писмото до колегите, додавајќи: “Егзистенцијата и животот на нашата американска демократија се под закана од претседателот“. Трамп, кој заостанува во анкетите, предизвика контроверзии со тоа што ја отфрли широката употреба на гласачките ливчиња по пошта, велејќи дека тоа може да доведе до изборна измама.