Италија објави дека ги затвора дискотеките и воведува задолжително носење маски навечер на јавни места за повторно да го стопира ширењето на коронавирусот. Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца потпиша указ што влегува во сила денеска, според кој задолжителното носење маски се воведува од 18:00 до 6:00 часот на јавни места.
Задолжително тестирање за ковид-19 при влез во Италија од Хрватска, Грција, Малта и Шпанија
Владата стравува дека ноќниот живот, кој во овој момент е во замав, ќе придонесе за експлозија на инфекции од коронавирус. Италијанските региони се поделени по ова прашање за секторот во кој се вработени 50.000 луѓе во 3.000 ноќни клубови. Италија беше најтешко погодената земја во Европа со епидемија, со 234.000 случаи на „Ковид-19“ и над 34.000 смртни случаи.