Рускиот претседател Владимир Путин му кажал на белорускиот лидер Александар Лукашенко во денешниот телефонски разговор дека Москва е спремна да му овозможи помош во согласност со колективниот воен пакт, ако тоа е неопходно, се наведува во соопштението од официјален Кремљ. Во истото соопштение се наведува дека врз Белорусија се врши надворешен притисок, но не се наведува од кого.
Во меѓувреме денеска во главниот белоруски град Минск со неколку часа разлика, се одржуваат два марша, едниот за поддршка на претседателот Лукашенко, а другиот именуван како Марш за слобода, против неговото владеење.
Протестите против него почнаа по претседателските избори кои се одржаа на 9 август а на кои тој прогласи победа. Лидерката на опозицијата и кандидатка за претседателка на Белорусија Свјатлана Циханускаја, која ги поддржува протестите, ја напушти земјата и замина во Литванија. Според неа ниту едни избори во земјата кои ќе ги организира Лукашенко не може да се сметаат за фер и демократски од западните земји.
Претходно лидерите на Полска, Естонија, Латвија и Литванија се понудија да посредуваат за решавање на белоруската криза.