Денеска во повеќе белоруски градови се очекува да се одржат најголемите протести во земјата поради повторниот избор на претседателот Александар Лукашенко кој е на власт 26 години. Националниот Марш за слобода треба да се одржи само неколку часа откако во главниот град Минск е најавен марш за поддршка на претседателот Лукашенко на кој, како што се јавува, вработени во државниот сектор се принудени да се појават со закани дека ако не го сторат тоа може да го изгубат работното место.
Лукашенко прогласи победа на изборите што се одржаа на 9 август, а лидерката на опозицијата и кандидатка за претседателка на Белорусија Свјатлана Циханускаја која ги поддржува протестите, ја напушти земјата и замина во Литванија. Според неа ниту едни избори во земјата кои ќе ги организира Лукашенко не може да се сметаат за фер и демократски од западните земји.
Лукашенко, пак, вчера телефонски разговараше со неговиот руски колега Владимир путин, а потоа соопшти дека тој рускиот лидер му ветил помош во обезбедувањето безбедност на Белорусија.