Во текот на вчерашниот ден во земјава се регистрирани 141 нови случаи на ковид19 од направените 2.006 тестирања, починаа четири лица, а 93 пациенти оздравеа. Од новите 141 нови случаи на инфицирани со корона вирусот во земјава, 51 се од Скопје, 19 од Куманово, 16 од Струга, 15 од Штип, по шест од Прилеп и Тетово, четири од Битола, по два од Велес, Виница, Гостивар, Дебар, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пробиштип и Свети Николе и по еден од Берово, Гевгелија, Делчево, Кавадарци Неготино и Радовиш.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 12.653, бројот на оздравени пациенти е 9.123, а на починати е 539. Во моментов во земјава има 2.991 активен случај на КОВИД-19, од кои 1.007 во Скопје, 275 во Штип, 266 во Гостивар, 262 во Куманово, 187 во Струга, 152 во Тетово, 106 во Кавадарци, 80 во Охрид, 75 во Битола, 67 во Дебар, 66 во Свети Николе, 49 во Македонски Брод, 41 во Виница, 37 во Прилеп, 34 во Кочани, 32 во Демир Хисар, 28 во Велес, 20 во Струмица, 19 во Пробиштип, 11 во Неготино, 10 во Гевгелија, по девет во Радовиш и во Ресен, осум во Берово, пет во Крива Паланка, по три во Делчево и во Кратово и по два во Валандово, Крушево и Пехчево.
До вчера на Инфективната клиника во Скопје вкупно се хоспитализирани 78 пациенти, од кои 41 се на кислородна поддршка, а нема ниту еден на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти и шест деца позитивни на вирусот, а во ГОБ „8 Септември“ 75 пациенти, од кои четири се на респираторна машина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, а во болницата во Штип 43. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти позитивни и сомнителни на ковид19.