Белорускиот претседател Александар Лукашенко се соочува со растечки притисок во земјата која ја очекуваат масовни протести викедндов на кои ќе се побара крај за 26 годишното владеење на актуелниот претседател. Протестите избувнаа по контроверзните избори на кои победи Лукашенко и бруталните обиди за пресметка со луѓето кои протестираат.
Лидерката на опозицијата и кандидатка за претседателка на Белорусија Свјатлана Циханускаја, која ја напушти земјата и замина за Литванија, повика на мирни протести на 15 и 16 август. Во видео обраќањето вчера таа нагласи дека мнозинството не верува во победата на Лукашенко и побара од нејзините поддржувачи да излезат на протестите.
На протестите кои почнаа по изборите на 9 август можеа да се видат сцени без преседан на улиците на главниот град Минск и други градови. Околу 6700 луѓе се приведени во првите денови по изборите и беа однесени во притвори во кои има ужасни услови. Сцените на насилни приведувања и полициско тепање деновите по изборите може да се сменат по вчерашниот масовен протест на кој не дојде до полициско насилство.