СЗО: Расте бројот на корона позитивни во светот

Илустрација

Во изминатите 24 часа во светот се регистрирани околу 214.000 нови случаи на заразени со Ковид-19, така што вкупниот број денеска е 20,16 милиони, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), која констатираше дека се зголемува бројот на позитивни. Досега од Ковид-19 починале 737.417 луѓе во светот, 4.835 само во последните 24 часа.

Најголем број потврдени случаи се уште во Северна и Јужна Америка, 10.799.062, од кои 101.230 се новозаразени во последните 24 часа. Досега во Европа се потврдени 3.641.603 заразени и 217.716 смрти случаи, а 2.757.822 заразени и 55.564 жртви во Југоисточна Азија.

САД се уште водат според бројот на потврдени случаи -19, 5.039.709, по што следува Бразил со 3.057.470 заразени, Индија со 2.329.638, Русија со 902.701, Јужна Африка со 566.109, Мексико со 485.836, Перу со 483.133, Колумбија со 397.623, Чиле со 376.616 и Иран со 331.129 заразени.