Четврти ден протести во Белорусија

Четврти ден протести во Белорусија

Белорусија продолжуваат протестите против реизборот на Александар Лукашенко на изборите за кои демонстрантите велат дека биле фалсификувани. Во неколку делови на Минск, групи од стотици луѓе формираа човечки синџири во знак на протест, а со сирени на автомобилите ги забавуваа и блокираа полициските возила. Слични протести се одржаа во најмалку пет други градови. Во Минск, луѓето на балконите, аплаудирале како израз на поддршка на протестите. Веднаш пристигнала полицијата која почнала да пука со гумени куршуми кон нив.

Москва претпазливо ги следи настаните во Белорусија и чека

Претходно, белоруските власти признаа дека користеле боева муниција против луѓето кои протестираат против претседателските избори со кои 65-годишниот Лукашенко го доби шестиот мандат. Неговиот главен предизвикувач, Свјатлана Циханускаја ја напушти земјата и сега е во Литванија. Белоруското Министерство за внатрешни работи соопшти дека еден човек е ранет во западниот град Брест во текот на ноќта откако припадниците на полицијата отвориле оган кон група луѓе кои, како што соопшти полицијата, ги нападнале со железни шипки. Ова беше прво признание од белоруските власти дека боева муниција била користена против демонстрантите.

Помпео: Европа да ја брани демократијата од Русија и Кина

Во интервју за РСЕ за време на посетата на Прага на 12 август, Помпео рече: „Гледаме насилство врз мирољубивите демонстранти на начин што не е во согласност со начинот на кој треба да се постапува“. Помпео додаде дека Соединетите држави сè уште не се решиле на соодветен одговор, но ќе соработуваат со европските партнери за да утврдат каква акција ќе преземат.