Николовски: Јас и Заев се откажавме од патните трошоци

Зоран Заев и Љупчо Николовски

Заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци како пратеници, објави денеска генералниот секретар на СДСМ и пратеник во новиот состав на Парламентот, Љупчо Николовски.

„За да дадеме пример, да бидеме оние од кои оваа иницијатива тргнува во пракса“, напиша Николовски на неговиот официјален Фејсбук профил и додаде дека ова откажување било „изборно ветување на СДСМ и нивна програмска определба“.