САД со нов договор за купување вакцина за ковид-19

Модерна, во партнерство со американскиот Национален институт за здравство спроведува клинички испитувања во фаза 3 на кандидат за вакцина за ковид-19.

Соединетите држави постигнаа договор со Модерна за снабдување 100 милиони дози од експерименталната вакцина против коронавирус. Станува збор за договор вреден 1,5 милијарди долари. Договорот објавен од Белата куќа уследи по сличните зделки во последните неколку недели за да се добијат стотици милиони дози на потенцијални вакцини за ковид-19 од повеќе компании. Според програмата наречена Operation Warp Speed, администрацијата на претседателот Доналд Трамп се обидува да го забрза развојот, производството и дистрибуцијата на вакцина против коронавирус до крајот на годината.

СЗО против националистичко присвојување на идната вакцина против ковид-19

Модерна, во партнерство со американскиот Национален институт за здравство спроведува клинички испитувања во фаза 3 на кандидат за вакцина и производство на дози пред конечно одобрување со цел брзо дистрибуирање на каква било успешна вакцина. Повеќе од 150 вакцини се развиваат и се тестираат низ целиот свет за да се запре пандемијата на ковид-19, наведува Светската здравствена организација. Трката за вакцина ја стартуваше глобална конкуренција меѓу земјите обидувајќи се да обезбедат навремено, безбеден и достапен пристап до каква било вакцина или третман.

Русија ја регистрираше вакцината против коронавирусот, експертите скептични

Претседателот Владимир Путин во вторникот изјави дека Русија стана првата земја во светот што дала регулаторно одобрување на вакцината за ковид-19 по помалку од два месеца тестирања на човек, потег кој Москва го оцени како доказ за нејзината научна моќ. Вакцината предизвика загриженост кај некои експерти поради брзината на нејзиното одобрување.