Демократскиот кандидат на претседателските избори во САД, Џозеф Бајден ја назначи сенаторката Камала Харис за кандидат за местото потпретседател на државата. Одлуката на Бајден е историска затоа што Харис ќе биде првата афроамериканка во историјата на Соединетите држави што ќе биде кандидат за претседател или за потпретседател на државата.
Бајден виртуелно ќе ја прифати номинацијата за претседателски кандидат
Бајден, кој беше потпретседател на САД, за време на администрацијата на Барак Обама, според набљудувачите, со овој потег призна дека афроамериканските гласачи ќе играат важна улога во неговите напори да го поразат актуелниот претседател на САД Доналд Трамп, на изборите на 3 ноември. "Имам голема чест да објавам дека ја избрав Камала Харис, бестрашен борец за обичните луѓе и еден од најдобрите јавни службеници во земјата, како кандидат за потпретседател. Заедно ќе го победиме Трамп", напиша Бајден на Твитер.
Трамп не ги признава анкетите што му одат во прилог на Бајден
55 годишната Харис, адвокат и сенатор од Калифорнија, беше меѓу учесниците во внатре партиската борба за претседателски кандидат на демократите. Таа е една од најпознатите личности на таа партија и брзо стана фаворит за позицијата кандидат за потпретседател кога се откажа од борбата за Белата куќа.