ЕУ за изборите во Белорусија - „ниту слободни, ниту фер“

Протести во Белорусија.

Европската унија денеска објави дека изборите во Белорусија со кои претседателот Александар Лукашенко остана на власт, не биле „ниту слободни, ниту фер“.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел во име на 27-те земји членки се закани дека ќе „преземе мерки за одговорните за забележаното насилството, неоправданото апсење и фалсификувањето на изборните резултати“.

Лукашенко победи, но по која цена за Белорусија

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко тврди дека добил над 80 проценти од гласовите на изборите на 9 август. По објавувањето на резултатите во земјата има протести против, како што велат, лажираните резултати.