Циханускаја во Литванија

Кандидатот за претседател на белоруската опозиција Свјатлана Циханускаја

Кандидатот за претседател на белоруската опозиција Свјатлана Циханоскаја замина за Литванија и е безбеден, објавени денеска на Твитер министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус. До ова дојде по втората ноќ на судири во Белорусија по спорните претседателски избори на 9 август на кои Циханускаја се појави како ривал на авторитарниот претседател Александар Лукашенко. Најмалку едно лице загина во текот на протестите на 10 август.

Еден демонстрант загина на вториот ден протести во Белорусија

Претходно таа им рече на новинарите дека смета оти победила на изборите, а не Лукашенко. „Таа пристигна во Литванија и е безбедна“, потврди министерот за надворешни работи, Линас Линкевичиус, за француската новинска агенција АФП, по неговата објава на Твитер.