Еден демонстрант загина во Минск за време на вчерашните демонстрации против официјалните изборни резултати о Белорусија на кои победи актуелниот претседател Александар Лукашенко. Демонстрантот починал откако неидентификувана експлозивна направа пукнала во неговата рака додека се обидувал да ја фрли врз полицијата, соопшти Министерството за внатрешни работи. Имаше извештаи дека врз демонстрантите било стрелано при што лицето загинало. Некои од демонстрантите се обиделе да градат барикади со канти за ѓубре. Полицијата, наводно, притоа испукала солзавец и гумени куршуми.
Лукашенко победи, но по која цена за Белорусија
Обновените демонстрации на 10 август уследија по насилните судири меѓу демонстрантите и полицијата ноќта пред тоа, откако неофицијалните резултати покажа дека Лукашенко има големо водство пред кандидатот на опозицијата Свјатлана Циханускаја. Според прелиминарните официјални резултати објавени од Централната изборна комисија на 10 август Лукашенко убедливо со над 80 насто ја победил Циханускаја која добила помалку од 10 проценти. Опозицијата за денеска напладне повика на протест на национално ниво.