ВМРО-ДПМНЕ го пријави СДСМ за парите потрошени за изборите

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски

Неколку дена апелираме и говориме на една тема, а тоа е финансирањето на политичките партии во време на кампањата за предвремените парламентарни избори. А, истите тие неколку дена СДСМ и коалицијата „Можеме" ги игнорираат буквално овие прес конференции, оваа тема затоа што има сомневање дека сето она што го говориме е вистинито, обвини денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Денеска поднесовме претставка до Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори случај, да истражи на кој начин и како се финансирала СДСМ во кампањата за предвремените парламентарни избори, каде што немаат поднесено извештај за потрошени над 700.000 евра. Како што рековме на првата прес конференција над 200.000 евра имаат потрошено на закуп за рекламни паноа и билборди. Нормално билбордите беа јавно објавени пакетите, ждребање во ДИК. И втората прес конференција каде што обзнанивме дека над 500.000 евра се потрошиле за рекламирање на социјалните мрежи, Фејсбук, Инстаграм и останатите каде што можат да се рекламираат. Дневно трошеле над 27.000 евра или повеќе од 500.000 евра за изборната кампања, но немаат покритие за истите пари“, рече Арсовски.