Софија - И родителите на деца со посебни потреби на протест пред владата

Илустрација - Фотографија од протестите во Софија против Владата на Бојко Борисов

Родители на деца со посебни потреби во Бугарија, од иницијативата „Системот нè убива“, планираат да ги преместат шаторите на локација пред зградата на Владата, соопштија денеска претставници на иницијатива, пренесе МИА.

Демонстрантите во Софија деблокираа една од трите раскрсници што ги окупираа за време на антивладините протести, кои денеска влегоа во 33-от ден.

Откако полицијата во петокот ги отстрани шаторите од клучните крстосници во Софија, група демонстранти во саботата повторно ги поставија и го блокираа сообраќајот. Полицијата овој пат не ги отстрани шаторите. Полицијата соопшти ќе продолжи да се обидува да ги убеди демонстрантите да ги отстранат блокадите.