Mинистерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на Фејсбук објави дека се потпишани подзаконските акти за воведување на полициски униформи на кои симболите ќе бидат и со албански јазик.
„Потпишавме нормативни акти за амблеми на полициските униформи на албански јазик (Сообраќајна полиција, гранична полиција, хеликоптерска полиција, одделенијата за специјални задачи…)“, напиша Нухиу на Фејсбук.
Нухиу дојде на чело на МВР откако на Наќе Чулев му истече мандатот според договорот за техничка Влада. Тој беше министер и по изборите во декември 2016, пред да се формира новата Влада