Рестрикциите за ковид-19 во Иран до крајот на јануари 2021 година

илустрација

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека вонредната состојба воведена во земјата поради пандемијата на коронавирус ќе остане во сила барем до крајот на јануари 2021 година. “Ние сме во оваа состојба шест месеци и мора да се подготвиме најмалку уште шест месеци“, вели Рохани во изјавата објавена на неговата веб-страница на 9 август, наведувајќи дека секакво целосно олеснување на ограничувањата во јавното здравство засега не е планирано. „Мора да најдеме среден пат помеѓу нормалноста и придржувањето кон ограничувањата за коронавирусот“, рече тој.

Иран ја крие вистинската бројка за починатите од ковид-19

Иран ги намали своите ограничувања во текот на изминатите два месеца, поради што многу Иранци посветуваат помалку внимание на пандемијата и јавните здравствени регулативи. Тоа, исто така, доведе до критики кон Рохани, бидејќи неодамна се зголеми бројот на случаи - со околу 200 смртни случаи на ден. Иран објави бројка на смртни случаи од над 18.000 и повеќе од 320.000 инфекции.