Во последните 24 часа во Србија починале уште девет лица како резултат на ковид 19 со што вкупниот број на починати се зголеми на 641. Од тестирани 6.251 лица, инфекцијата е потврдена кај 236 лица.
Во изминатите 24 часа и во Хрватска се регистрирани 61 нови случаи на инфекција. Од сите активни случаи 121 лице се на болничко лекување, а од тој број, осум се на респиратор.
Во последното деноноќие, шест лица починале од последиците на коронавирусот во Босна и Херцеговина, додека регистрирани се 236 нови инфекции. Во Република Српска, тестирани се 281 примерок, а инфекција со вирусот корона е потврдена кај 49 лица, а пријавени се и две смртни случаи.
Уште 12 лица починале во Косово во последните 24 часа, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 327. Нови случаи на ковид 19 се потврдени кај 188 лица од 462 тестирани граѓани.