Организацијата на работодавачи бара брзо формирање на Влада, со цел да се донесат нов сет антикризни мерки. Како што јави МИА, претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров изјавил дека посебно на удар е текстилната индустрија. Бизнисот со шиење заштина опрема и маски стагнира, а работодавачите алармираат дека на голем број конфекции им се заканува затварање во октомври поради намалената побарувачка од нивните традиционални партнери.
Според Димитров мора да се донесат сет на мерки, со цел да се зачуваат работните места, а една од мерките по примерот на Германија е трошоците за работниците за четири часа да ги подмирува работодавачот, а останатите четири часа државата.
Анализата на Кластерот за текстил покажала дека е можно отпуштање во овој сектор, посебно ако пандемијата со овој интензитет продолжи до крајот на годината.
Димитров потенцира дека добро е што се објавија имињата на фирмите, кои ги злоупотребијa парите за работниците, а како што вели списокот покaжува дека големите текстилни компании немаат направено вакви злоупотреби. Поради корона вирусот во источниот регион од државата во различни периоди повремено беа затворени над 20 текстилни фабрики. Најголемиот дел во Штип, а останатите во Свети Николе и Пробиштип.