Тајната служба на САД предупредува на мешање на Кина, Русија и Иран во изборите

Директорот на американската разузнавачка служба Бил Еванин изрази загриженост во врска со наводното мешање на Кина, Русија и Иран во американските избори во 2020 година. Според американската разузнавачка служба, Кина се надева дека претседателот Доналд Трамп нема да биде избран за втор мандат, Русија работи на оцрнување на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден, а Иран се обидува да ги поткопа демократските институции.

„Многу странски актери имаат став за тоа кого би сакале да победи на претстојните избори, кои ги изразуваат преку низа отворени и приватни изјави, додека напорите за прикриено влијание се поретки. Ние првенствено сме загрижени за тековните и потенцијалните активности на Кина, Русија и Иран“, рече Еванин.

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп изјави дека неговата администрација внимателно ќе го разгледа овој извештај, пренесува Би Би Си.Пред една недела тој за прв пат ја најави можноста за одложување на изборите во ноември.