Докторе, бројките на новозаболени никако да паднат под двоцифрена бројка. Зошто вирусот не стивнува? Сите очекувања беа дека барем во лето ќе се почувствува растеретување.
Да и јас очекував дека во летно време вирусот ќе изгуби од силина, затоа што се тие коронавируси кои обично се јавуваат во зимскиот период и кога температурите ќе се зголемат вирусот ќе намали, но овој вирусoт излезе дека се прилагодува и зимско и летно време. Ги напаѓа и старите и младите и со коморбититети и без коморбидитети, така што немаме правило за ова, ова е сè уште нова инфекција за сите нас, ни треба повеќе време за да направиме релевантни статистики како ќе се однесува вирусот, да имаме тренд. Во Скопје, ми се чини, иако е многу малку, сепак оди надолу, не оди нагоре. Сепак ако ја гледате големата слика тогаш трендот е во опаѓање. Сега критично ни е во Штип, во Гостивар. Таму почна со кластерите во текстилните фабрики. Кластерите сега можеби не се толку јасни, изразени, туку сега инфекцијата е вертикално раширена низ градот. И плус непочутување на мерки е доволно за да имате жариште.
Што мислите колку време здравствениот систем ќе издржи троцифрени бројки на новозаразени секој ден?
Да ви кажам мене ме изненади и ова што издржа шест месеци вака здравствениот систем. Затоа што луѓето дефинитивно се и преморени и здравствените работници и пациентите и сите. Затоа што ова ни е новонаметната ситуација, но нема друго. Ако отидеме сега сите на одмор, кој ќе работи? Кој ќе го регулира сето ова? Се трудиме колку можеме. Многу полесно ќе ни беше ако бројките беа двоцифрени, затоа што и болниците ќе се справуваа со помал број пациенти, центрите за јавно здравје помалку ќе тестираа, лабораториите ќе беа покомотни, ама, за жал, еве тоа не се случува. Се случува многу полека, јас пак сум оптимист и мислам дека трендот е во намалување, не е во зголемување, но не е само дали ќе издржиме, прашањето е и дали системот финансиски ќе издржи. Оти правиме многу големи трошоци, а немаме адекватна економска помош. И тој момент мора да се земе в предвид. Мора да се земе в предвид дека луѓето се изморени и им треба одмор на сите, барем по една недела, ние правиме некои напори, да пуштаме луѓе кај што може, но немаме друго решение освен да се работи секојдневно, ние работиме и саботи и недели и празници.
Пристап до вакцина ќе имаме, но колку ќе се вакцинираме?
Освен ротирањето постои ли некој друг начин да им се помогне на здравствените работници?
Само ако се почитуваат мерките и така да падне бројката, инаку да увеземе од некоја друга земја не можеме. Секаде фали персонал. Еве гледаме во Србија, во Бугарија, по околните земји, секаде фали медицински персонал, така што нема друго чаре освен почитување на мерките.
Видете и ова: Образовните протоколи во време на пандемија сè уште не се финалниНеодамна изјавивте дека многу млади стигнуваат до респиратори поради коронавирусот, на што се должи тоа?
Мислам дека сега младите се поактивни и се поизложени на вирусот. Постарите, пензионерите повеќе пазат. Гледам во моловите и во маркетите постарите купувачи повеќе пазат отколку помладите. Кај младите знаете како е, велат – Мене ништо не ми е, тоа се случува на некој друг. Но факт е дека заболуваат и завршуваат во болница, не се сите тешки случаи, почесто се полесни, но тие што ќе завршат на респиратор имаат голем проблем. Зошто е тоа таа не можам да ви кажам. Нема ниту еден валиден доказ зошто е тоа така, дури и кај луѓе што немаат коморбидитети, дури и кај спортисти се среќаваат такви нагли промени во здравјето.
Македонската статистика за смртност од ковид 19 е за некоја нијанса повисока, за шест месеци ние имаме над 500 починати. На што се должи високата смртност од ковид-19 во земјава?
По мене има два моменти тука, едно е здравствениот систем, друго е начинот на пријавување. Со тешките случаи најдобро се справи здравствениот систем на Германија, со тоа што уште од времето Германија има по глава на жител најголем број на интензивна нега, комплетно опремена со сè што треба. Ние не сме тој тип на држава со такво јако здравство. Другиот момент е што ние уште од почетокот значи сè што почина и во болница и надвор од болница и постмортем им земавме брисови и не сме промашиле ништо, затоа што мислевме дека во семејства каде што ќе почине некој и ако се земе брис и излезе дека е позитивен дека треба да се внимава на контактите, да се изолираат. Знам земји каде луѓе починати надвор од болница не беа воопшто ставени во таа статистика. Можам да ви гарантирам дека од почеток на епидемијата сè е транспарентно, сè е кажано до детаљ, што не сум сигурен дека е така и во другите земји.