Турската лира падна на рекордно ниско ниво поради пандемијата

Турски лири

Турската лира падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот како резултат на глобалната рецесија поради пандемијата на коронавирусот. Официјалниот курс е 7.27 турски лири за еден долар. Падот беше делумно предизвикан од зголемувањето на инфлацијата, буџетските дефицити и евтините заеми охрабрени од владата да ја закрепнат економијата, која веќе беше кревка и пред пандемијата. Турција се надеваше на прилив на девизи преку извоз, особено преку туризам, но приходите остануваат мали заради пандемијата.

Германија дозволи да се патува во делови на Турција

Аналитичарите сметаат дека затегнатите односи со Европската унија ќе бидат дополнителен ризик за турската економија. Турција се соочува со санкции на ЕУ поради плановите за потрага по нафта и гас до спорните води на источниот Медитеран и поради преобразбата на Аја Софија во џамија. Турција веќе претрпе валутна криза во август 2018 година, кога лирата падна на 7,24 по долар, во време на политички тензии со Соединетите држави.