Не може децата да не одат на училиште, но мора да имаме подготвени превентивни протоколи по кои ќе функционираат училиштата, рече вечерва министерот за здравство Венко Филипче во емисија на Канал 5 телевизија. Тој вели дека во следните недела до две ќе се знае дали од септември ќе почнат со работа градинките и училиштата. Веројатноста е голема, но да се усогласат сите протоколи, вели министерот за здравство.
„Некои од принципите се помали групи, повеќе смени и пократко траење на часовите. Што пократко време во затворен простор и носење маски“, рече Филипче.
Министерот вели дека се подготвуваат за многу полошо сценарио наесен за кое веќе се подготвуваат. Филипче се надева дека такво сценарио ќе избегнат и е сигурен дека ќе го дочекаат подготвени.
Нови 113 случаи на коронавирус, шестмина починати
Тој вели дека за секој пациент кој се лекувал од ковид-19 е направено сè што треба и во однос на стадиумите пред поставувањето во респираторна машина, и во однос на третманот додека се пациентите на респираторна машина.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11399, бројката на оздравени пациенти е 7480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3402.