Заработката на јапонската компанија за видео-игри Нинтендо од април до јуни се зголемила за повеќе од шест пати зашто луѓето поради карантинот во кој беа поради пандемијата на коронавирус повеќе играле видео игри.
Во вториот квартал од годинава Нинтендо заработил 1 милијарда долари, за разлика од истиот период лани кога заработил 6 пати помалку пари.
Најпопуларна игра во овој период била „Animal Crossing: New Horizons“, која била продадена во 10 милиони примероци. Втора најпопуларна видео-игра била „Mario Kart 8 Deluxe“. Зголемена е и продажбата на конзоли за играње.
Некои тријат раце и во услови на криза
Сè повеќе луѓе ги игра игрите на оваа компанија онлајн, а сè популарни стануваат и игрите за мобилен телефон. Иако пандемијата на коронавирус доведе до голема економска криза, а опстанокот на многу компании е под прашалник, расте заработката на фирми кои произведуваат содржина кои луѓето мораат да ја трошат додека беа принудени да останат дома за да се спречи ширењето на заразата. Нинтендо проценува дека ќе заработи 1,9 милијарди долари во оваа фискална година, која завршува во март 2021 година.