Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 113 случаи на коронавирус во Македонија, а шестмина луѓе починаа, информира Министерството за здравство. Направени биле 1543 тестирања. Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје, Штип, Гостивар и во Куманово. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 259 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 109946 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11399, бројката на оздравени пациенти е 7480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3402.