Американскиот демократски кандидат за претседател Џо Бајден нема да оди во Милвоки за лично да ја прифати официјалната номинација на неговата партија заради загриженоста од коронзвирусот. Организаторите на конвенцијата на Демократската партија, која ќе се одржи од 17 до 20 август, објаснија дека тие ја донеле таа одлука по „консултациите со службениците за јавно здравје и експерти кои укажаа на влошување на пандемијата на вирусот корона“.
Белата куќа: претседателските избори нема да бидат одложени
Бајден ќе одржи говор во кој и официјално ја прифаќа номинацијата од американската држава Делавер, каде што живее, изјавија организаторите, додавајќи дека местото и времето ќе бидат објавени подоцна. Ниту еден од говорниците на демократската конвенција нема да оди лично во Милвоки, што значи дека конвенцијата ќе биде целосно виртуелна, пренесува АФП. Овој потег е последниот пример за тоа како пандемијата влијае врз претседателските избори.