Експлозијата во Бејрут поврзана со запленет руски товарен брод

Две големи експлозии на 4 август разорија поголем дел од пристаништето во Бејрут и оштетија многу згради во либанската престолнина.

Во медиумски извештаи се вели дека големата количина на амониум нитрат којашто експлодираше на 4 август во магацин на пристаништето во Бејрут, најверојатно била растоварена години претходно од товарен брод којшто бил запленет од неговиот руски сопственик, бизнисменот Игор Гречушкин.

Либанскиот министер за внатрешни работи Мохамед Фахми за локална ТВ станица изјави дека експлозијата, во која загинаа повеќе од 100 лица, а повредени се илјадници низ градот, се чини дека е предизвикана од детонација на повеќе од 2.700 тони амониум нитрат.

Фахми рече дека високоексплозивното ѓубриво било складирано со складиште на пристаништето откако било конфискувано од товарен брод во 2014 година.

Премиерот Хасан Диаб изјави дека околу 2.750 тони од запленетиот амониум нитрат шест години биле складирани во магацин без мерки за безбедност.

Диаб рече дека ќе се бараат оние кои се одговорни за нарушување на безбедноста.

Либанскиот шеф на безбедносните служби Абас Ибрахим исто така рече дека „високо експлозивниот материјал“ бил складиран во магацин откако години претходно бил конфискуван.

Врз основа на таа временска рамка и големината на товарот, во медиумските извештаи се вели дека бродот најверојатно бил „MV – Rhosus“ – кој за време на запленувањето бил во сопственост на Гречушкин.

Бизнисменот Гречушкин од сибирскиот град Кабаровск, моментално живее во Кипар.