Владата на денешната седница донесе Одлуката за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради постоењето на пандемијата и опасноста од ширењето на КОВИД-19, која ќе трае 30 дена од нејзиното влегување во сила.
„Со оваа одлука се утврдува постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија и тоа на подрачјата на јужната и северната граница на Република Северна Македонија, и се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кој ќе биде во постојано заседавање и кој има задолжение да изготви акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на Република Северна Македонија, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување“, соопшти владината прес-служба.