Подготвен сум да си заминам, изјави Бојко Борисов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов

Подготвен сум да заминам во секое време. И заради мене не сакам да има тензии на кој било начин. Јас не сум Радев да се радувам кога луѓето се тепаат на улиците и ги затвораат раскрсниците, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

„Ако сме толку силни и обединети, што е проблемот да има привремена влада. Ќе предложам опции, вклучително и јас да ја напуштам и да ја продолжам владата“, вели Борисов.

Во Бугарија цел месец се одржуваат антивладини протести на кои демонстрантите бараат оставка од Владата и од главниот обвинител Иван Гешев, како и распуштање на парламентот, поради, како што велат, не се справиле со корупцијата во државата.

Како што пренесе БГНЕС, Борисов рекол дека сака да разговара со неговите колеги и пријатели за сè што направиле.

„Не сакам државата да биде поделена. Никогаш не сме правеле коалиција со Движењето за права и слобода (ДПС) и никогаш нема да правиме. Нема да дозволам таква коалиција“, рекол Борисов.