Ни беше понудена можноста да бидеме дел од идната влада предводена од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и ние како партија ја прифативме поканата, соопшти Азем Садику, висок функционер на ДПА и градоначалник на Студеничани.
Тој на својот фејсбук профил информираше дека синоќа во Клубот на пратениците во Скопје се одржала средба на лидерите на двете партии - Зоран Заев и Мендух Тачи, а присутни биле и Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски од СДСМ и Азем Садики од ДПА.
Било договорено да се формираат работни групи под водство на секретарите на двете партии за прецизирање на деталите.