Германија дозволи да се патува во делови на Турција

илустрација

Германските власти делумно го укинаа предупредувањето да не се патува во Турција. Ова со недели го бараа властите во Турција, чиј туризам зависи од гостите од Германија. Германското Министерство за надворешни работи објави дека го откажува официјалното предупредување за туристички патувања до турските провинции Анталија, Измир, Ајдин и Муглу, на западниот егејски брег на таа земја, кои се омилени летувалишта на Германците.

Светскиот туризам поради пандемијата со загуба од 320 милијарди долари само до мај

Турција досега беше на списокот на 160 земји надвор од Европската унија и Шенген-зоната, во кои не може да се патува до 31 август заради коронавирусот. Германија направи исклучок за прв пат. Министерството соопшти дека го укинува предупредувањето под услов „строго да се почитуваат препораките“. „Ова, меѓу другото, подразбира задолжителен ПЦР тест за сите патници кои се враќаат во Германија од Турција“, се вели во соопштението, во кое се додава дека тестот не смее да биде постар од 48 часа. Тестот во лабораториите ги чини патниците по 15 евра, а на аеродромите 30. Ако со тестот пред да се врати во Германија се утврди дека некој има коронавирус, тој останува во карантин или третман во Турција.