Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференција по конститутивната седница во Собранието, најави дека партијата ќе се фокусира на составување на парламентарното мнозинство и да формира нова Влада. Тој во своето обраќањето посочи дека ќе има преговори со сите албански, но и со македонски партии. Во одговор на новинарско прашање истакна дека на неколкумина пратеници им приоѓале „мистериозни личности“.
„Да оставиме времето да покаже кој ќе го формира парламентарното мнозиство. На оние пратеници на кои им пристапиле митериозни личности кои се повикуваат на името на раководството на СДСМ, пријдоа ми кажаа и со згрозување ги одбија и јас со згрозувње одбивам да коментирам ваков тип на пазар. На тој начин само ги демотивираме нашите сограѓани за на следните избори кои ќе бидат локални да излезат и да го дадат својот глас,“ изјави Мицкоски.
Тој во неговиот говор истакна дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат фокусирани кон сите предлози за борба против криминалот и корупцијата.