Старо - нови пратеници под маски
Конститутивнаta седница на Собрание на Република Северна Македонија ја води актуелниот собраниски спикер Талат Џафери.
Собранискиот спикер Талат Џафери ќе ја води конститутивната седница на Собрание на Република Северна Македонија до избор на негов наследник.
Новите пратеници најпрво ја избраа Верификациската комисија која веднаш почна да заседава за верификација на мандатите.
За брз состанок на верификациската комисија беше дадена пауза од 30 минути, која, како што рече спикерот Џафери, може да се искористи и за запознавање на старо-новите пратеници. На фотографијата - Техничкиот премиер Оливер Спасовски со новите пратеници.
Дел од актуелните министри се и пратеници во новиот состав, како Радмила Шекеринска и Никола Димитров (на фотографијата). Се очекува некои од нив да бидат и кандидати за министерски места и во новата Влада, зависно кој ќе ја формира.
На седницата беа присутни 117 пратеници од новиот парламентарен состав кој брои 120 пратеници.
Здравствените протоколи важеа за сите во Собранието. На влез во Парламентот на сите им беше измерена температура. На фотографијата - Министерот за здравство Венко Филипче.
Во новиот парламентарен состав има правници, економисти, наставници, лекари, универзитетски професори... На фотографијата - Проф. д-р Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ.
Спикерот Џафери рече да се искористи паузата од 30 минути за запознавање на старо-новите пратеници, ама да се почитуваат здравствените протоколи. На фотографијата Сања Лукаревска и Љупчо Николовски од СДСМ.
За прв пат во Собранието и Левица. На фотографијата - Претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев.
Пропишано растојание и во свечената сала. На фотографијата - Оперскиот пејач Игор Дурловски, нов пратеник од ВМРО-СПМНЕ.